Познатата инженерска и тјунерска куќа Nowack Motors специјализирана за развој и производство на високоперформансни мотори ја објави својата најнова креација под името Nowack N700.
Наjновата креација на Nowack Motors се однесува на сите сопственици на монструозните модели на BMW М GmbH X5 M и X6 Mкои би сакале постоечкиот 4.4 литарски битурбо V8 од 555 КС да го заменат со уште помонструозен мотор.
Откако ќе го паркираат својот Х5 М или Х6 М пред малата, но искусна германска работилница сопствениците треба да се стрпат одреден период, а трпението ќе ги награди со сосема поинакво чувство на моќ кога повторно ќе го притиснат педалот за гас.
Кога ќе се подигне хаубата погледот паѓа на стандардниот мотор наM GmbH, но изгледот лаже бидејќи специјалистите од Nowack комплетно го растураат 4.4 литарецот и го градат одново, но со мала доза на магија која му дава 715 КС и максимален вртежен момент од мрсни 845 Nm при ниски 2.600 врт/мин.
Магијата почнува со демонтажа на стандардниот мотор. Прво на обработка оди блокот чиви цилиндри се бушат за да можат да ги здомат поголемите ковани клипови кои се користат во мотоспортот.
Потоа цилиндрите се преслекуваат со уникатен премаз наречен Alusil заради намалување на коефициентот на триење, a рецептурата е деловна тајна на Nowack.
.jpg)











